• среда, 25 декември 2024

Хезболах исклучува преговори додека траат борбите со Израел

Хезболах исклучува преговори додека траат борбите со Израел

Бејрут, 22 октомври 2024 (МИА) - Либанското милитантно движење Хезболах соопшти дека нема да се водат преговори додека траат борбите со Израел и ја презеде одговорноста за напад со дрон врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Групата потврди дека целосно ја презема одговорноста за нападот, изјави Мохамед Афиф, портпарол на поддржаното од Иран екстремистичко движење. Израел претходно извести за обид за атентат врз Нетанјаху со дрон, што тој го оквалификува како „сериозна грешка“.

Хезболах исто така призна дека Израел заробила некои од нејзините борци при започнатата копнена операција во јужен Либан. Групата истакна дека и таа планира во блиска иднина да зароби израелски војници. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан