• вторник, 24 декември 2024

Харис: Моето претседателство нема да биде продолжение на мандатот на Бајден

Харис: Моето претседателство нема да биде продолжение на мандатот на Бајден

Вашингтон, 17 октомври 2024 (МИА) - Демократската кандидатка за претседател на САД, Камала Харис изјави дека нејзиното претседателствување нема да биде продолжение на мандатот на претседателот Џо Бајден и нагласи дека ќе донесе „нов пристап“ во политиката.

-Би сакала да бидам многу јасна, мојот претседателски мандат нема да биде продолжение на политиката на Бајден, рече Харис во интервју за Фокс њуз.

Зборувајќи за актуелните прашања со имиграцијата, таа ја истакна потребата од реформирање на „расипаниот систем“, објави Си-Би-Ес.

-Не верувам во декриминализација на преминувањето на границата. Не го направив тоа како потпретседател и нема да го сторам ниту како претседател, рече Харис.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан