• сабота, 31 август 2024

Хамас повика на протести низ светот за поддршка на Газа

Хамас повика на протести низ светот за поддршка на Газа

Бејрут, 18 октомври 2023 (МИА) - Претставник на милитантната исламистичка организација Хамас денеска повика во петок да се одржат протести ширум светот за подршка на Палестинците во Газа, јави ДПА.

-Го повикуваме нашиот палестински народ и народот во арапскиот и исламскиот свет во петок да протестираат во сите градови, рече денеска претставникот на Хамас за време на прес-конференцијата во либанскиот главен град Бејрут.

Тој додаде дека, пренесе германската агенција, протестите против „масакрите, воените злосторства и геноцидот во Газа“, исто така, треба да продолжат и во недела.

Хамас, движењето кое владее со Појасот Газа и е класифицирано како терористичка организација од страна на Израел, Европската унија и САД, повика на протерување на сите израелски амбасадори во арапските и исламските земји и запирање на сите дипломатски напори за нормализирање на односите со Израел. .

Во координираните напади на Хамас врз Израел што ги почна од Газа, на 7 октомври, загинаа околу 1.400 лица, од кои огромното мнозинство беа цивили, во она што се опишува како најтешката катастрофа во израелската историја.

Оттогаш Израел со безмилосни воздушни напади паѓа огромен број цели на Хамас во Појасот Газа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан