• петок, 08 ноември 2024

Хакери од Северна Кореја осомничени за хакирање на податоци од вежбата меѓу САД и Јужна Кореја

Хакери од Северна Кореја осомничени за хакирање на податоци од вежбата меѓу САД и Јужна Кореја

Сеул, 21 август 2023 (МИА) - Севернокорејски хакери од групата „Кимсуки“ се осомничени дека хакирале податоци за заедничката американско-јужнокорејска воена вежба која ќе започне денеска, иако доверливите информации не се компромитирани, соопшти јужнокорејската полиција.

Полицијата соопшти дека севернокорејските хакери го извршиле нападот преку е-пошта испратена до вработените во заеднички центар за вежбање за симулација на војна меѓу Јужна Кореја и САД во Јужна Кореја.

Северна Кореја претходно негираше каква било улога во сајбер нападите. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан