• понеделник, 23 декември 2024

Хагари: На територијата на Израел веќе нема борби

Хагари: На територијата на Израел веќе нема борби

Тел Авив, 9 октомври 2023 (МИА) -  Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, денеска соопшти дека во моментов веќе нема борби на територијата на Израел и дека израелските сили ги контролираат сите населени места, пренесува Гардијан. 

Воениот портпарол, меѓутоа, не ја исклучи можноста на територијата на Израел да има, да се кријат, повеќе милитанти на Хамас. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан