• понеделник, 23 декември 2024

Ф1: Серхио Перез убеден дека останува во Ред Бул

Ф1: Серхио Перез убеден дека останува во Ред Бул


Сао Паоло, 1 ноември 2024 (МИА) – Мексиканскиот возач во Формула 1, Серхио Перез е убеден дека ќе остане во Ред Бул не само до крајот на оваа, туку ќе вози за истиот тим и во следната сезона во Ф1, и покрај коментарите од неговите претпоставени кои велат поинаку.
„Тоа се само гласини“, изјави денеска 34-годишниот возач од Мексико за сајтот Formula 1. com.
„Ќе ме видите во Вегас, ќе ме видите и следната година. Не сум загрижен за тоа“, додаде Перез.
Шпекулациите за можен крај на соработката меѓу Перез и Ред Бул. се засилија откако возачот заврши на последното 17. место на трката пред своите гледачи за Големата награда во Мексико во неделата. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан