ФСБ приведе украински шпиони кои се обидувале да влезат во Русија од Литванија
- Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) привеле украински шпиони кои се обиделе илегално да влезат во Русија од Литванија, соопшти денеска прес-службата на ФСБ. Според соопштението, украинската воена разузнавачка служба собрала информации за безбедноста на руско-литванскиот дел од државната граница за нелегално распоредување агенти.
Москва, 3 октомври 2024 (МИА) - Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) привеле украински шпиони кои се обиделе илегално да влезат во Русија од Литванија, соопшти денеска прес-службата на ФСБ. Според соопштението, украинската воена разузнавачка служба собрала информации за безбедноста на руско-литванскиот дел од државната граница за нелегално распоредување агенти.
-За да ја исполнат доделената задача, разузнавачите ангажирале свој агент од редот на украинските граѓани за да добијат информации од интерес преку интервјуирање на жителите на пограничниот регион на Литванија и извидување со помош на технички средства, се вели во соопштението.
Вработените во Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР МОУ) се обиделе да ја преминат границата за да киднапираат и изнесат дете чиј татко е вработен во ГУР, но тие биле приведени од офицери на ФСБ.
Претходно, на 20 септември, жител на Енергодар беше осуден на 12 години затвор за шпионажа за Украина. Тој собрал податоци за возилата на руската полиција во градот и ги проследил до службеник на Службата за безбедност на Украина (СБУ). мс/
фото: ЕПА