• вторник, 24 декември 2024

Францускиот суд покрена истрага против претседателот на Интерпол

Францускиот суд покрена истрага против претседателот на Интерпол
Париз, 12 мај 2022 (МИА) - Француското обвинителство покрена истрага против претседателот на глобалната полициска агенција Интерпол, Ахмед Насер Ал Раиси, поради наводи дека можеби бил соучесник во тортурата на затвореници во Обединетите Арапски Емирати, изјави судски претставник.
Раиси е официјален претставник на ОАЕ, кој беше назначен за претседател на Интерпол, со седиште во Франција, во ноември 2021 година, и покрај обвинувањата од групите за човекови права дека тој не реагирал на наводите за малтретирање затвореници во ОАЕ.
Официјален претставник на париското обвинителство за борба против тероризмот изјави дека е назначен истражен судија да го истражи случајот и да утврди дали ќе покрене обвинение против Раиси, откако прелиминарната истрага започна во март. ОАЕ соопштија дека секоја правна жалба поднесена со обвиненијата против Раиси е „неоснована и ќе биде отфрлена“. Меѓународната организација за заштита на човековите права, Хјуман рајтс воч, објави дека стотици активисти, академици и адвокати отслужуваат долги казни во затворите во ОАЕ, често по неправедни судења за нејасни и опсежни обвиненија. ОАЕ одговорија на обвинувањата велејќи дека тие се „лажни и неосновани“. паг/  

Остани поврзан