• вторник, 26 ноември 2024

Французите „шампиони“ за најдолг престој на трпезата

Французите „шампиони“ за најдолг престој на трпезата

Париз, 16 август 2023 (МИА) - Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш зад Франција се Италија, Грција и Шпанија со неколку минути помалку.

Времето што еден Французин во просек го минува на маса во денот е два часа и 13 минути - имајќи ги предвид само ручекот и вечерата. За споредба, следејќи ги наводите, Американците се на дното на рангирањето - тие ручаат и вечераат вкупно час и две минути, т.е. повеќе од двојно побрзо од жителите на Франција, според истражување на Организацијата за економска соработка и развој.

Анализата одговара: Зошто е тоа така?

Како прво - менито е дијахронично, т.е. јадењата се служат последователно, за разлика од тн. синхроно мени, каде што уште на почетокот сѐ е на масата, со што се скратува времето за јадење. Излегува дека дури и на ограничената пауза од работа попладне, Французите нарачуваат најмалку два дела од оброкот, во просек, бирајќи меѓу салата, главниот дел и десерт.

Натаму, второ - за Французите храната е основен дел од нивниот социјален живот. Според нив, ако се јаде „на нога“ и не се седне на маса со пријател/-ка и сл., Французите „тоа воопшто не го сметаат за оброк“, сметаат познавачите.

И, трето, но не и најмалку важно - ручекот во 13 часот е правило, т.е. „неотуѓиво право“ за половината Французи... Како и за само 18 отсто од Британците, за споредба. си/рп/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан