• вторник, 26 ноември 2024

Франција ќе биде домаќин на Конгрес за универзално укинување на смртната казна

Франција ќе биде домаќин на Конгрес за универзално укинување на смртната казна

Париз, 11 декември 2023 (МИА) - Франција ќе биде домаќин на следниот Светски конгрес за универзално укинување на смртната казна во 2026 година, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон по повод 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.

- Таа борба (против смртната казна) е неопходна, подвлече францускиот претседател, додека оваа практика е се уште многу распространета во Саудиска Арабија, Кина и Иран и не е укината во  САД.

На 10 декември 1948 година, ОН ја усвоија Универзалната декларација за човекови права во   Париз, каде што вчера беше организирана прослава.

Макрон нагласи дека воспоставените принципи за заштита на човековите права не се ниту „културни“ ниту „западни“ и дека се „отворени за сите луѓе“. ссм/

фото: архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан