• вторник, 24 декември 2024

Формула 1 останува во Мелбурн до 2035. година

Формула 1 останува во Мелбурн до 2035. година
Мелбурн, 16 јуни 2022 (МИА) – Големата награда (ГН) на Австралија ќе продолжи да се одржува во Мелбурн до 2035 година, предвидува новиот десетгодишен договор што денеска го објави промоторот на трката. - Оваа трка секогаш беше една од најомилените на навивачите, возачите и екипите. Мелбурн е неверојатен и динамичен град, кој совршено одговара на нашиот спорт, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали. Трката, која своето премиерно издание го имаше во 1928 година, се одржуваше во Аделаида од 1985 до 1995 година пред да биде преселена во Мелбурн, каде се возеше секоја година оттогаш со исклучок на изданијата во 2020 и 2021 година, кои беа откажани поради пандемијата на коронавирус. ег/ми/

Остани поврзан