• петок, 08 ноември 2024

Формула 1 нема да се врати во ЈАР поради соработката на земјата со Русија

Формула 1 нема да се врати во ЈАР поради соработката на земјата со Русија

Лондон, 6 јуни 2023 (МИА) - Формула 1 ги заврши преговорите за потенцијално враќање во натпреварувачкиот календар на трката за Големата награда на Јужна Африка.

 

Во последниве години, имаше информации за можна замена на етапата во Белгија со трка на патеката „Кјалами“, каде што веќе се одржуваше Големата награда на Ф-1 до 1993 година.

 

Сепак, плановите за вклучување на ГН на Јужноафриканска Република во календарот на Ф1 се укинати, објави „RacingNews365“.

 

Одлуката е поврзана со блиската соработка меѓу Јужна Африка и Русија. Двете земји се членки на БРИКС. Дополнително, американските власти ја обвинија Јужна Африка дека испорачува оружје на Русија.

 

Формула 1 не ги коментираше информациите, но се очекува Белгиското Гран При да го задржи своето место во следните неколку сезони. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан