• недела, 15 декември 2024

Фон дер Лајен – Руте: Партнерството ЕУ-НАТО е камен-темелник на европската безбедност 

Фон дер Лајен – Руте: Партнерството ЕУ-НАТО е камен-темелник на европската безбедност 

Брисел, 13 декември 2024 (МИА) - Соработката меѓу Европската Унија и НАТО во услови на актуелните геополитички предизвици беше главна тема на синоќешната средба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во Брисел.  

Во објава на платформата Икс посветена на средбата, Фон дер Лајен наведе дека партнерството меѓу ЕУ и НАТО претставува „камен-темелник на нашата безбедност“. 

- Во свет кој се менува, каде што заканите добиваат многу форми, добро е да се држиме до извесноста, наведе утрово Фон дер Лајен во објавата. 

Руте, исто така во објава на Икс, порача дека трансатлантската алијанса претставува камен-темелник на европската безбедност. 

- Соработката НАТО-ЕУ достигна невидено ниво, адресирајќи прашања како воената мобилност и поморската и кибер одбраната, додаде Руте. сп/ 

Фото: Икс 

Остани поврзан