• среда, 27 ноември 2024

Фолксваген со рекорден профит од речиси 11,4 милијарди евра во првата половина од 2021 година

Фолксваген со рекорден профит од речиси 11,4 милијарди евра во првата половина од 2021 година
Берлин, 2 август 2021 (МИА) - Фолксваген соопшти дека остварил рекорден оперативен профит од речиси 11,4 милијарди евра (13,5 милијарди долари) во првата половина на 2021 година. Водечкиот европски производител на автомобили посочува дека овој резултат е постигнат „и покрај постојаните предизвици во деловното опкружување“, како што се снабдувањето со чипови, и по загубата од околу 1,5 милијарди евра на почетокот на годината. Добивката по оданочување е 8,4 милијарди евра, наспроти загубата во истиот период во 2020 година од над 1,0 милијарди евра. Приходите се зголемија за повеќе од една третина во првите шест месеци, над 130 милијарди евра, а испораките се зголемија за 28 проценти на повеќе од 5,0 милиони возила, по намалената побарувачката предизвикана од пандемијата со Ковид-19, но и по попустите за набавка на електрични возила делумно финансирани од германската држава. ми/

Остани поврзан