• понеделник, 23 декември 2024

Флик бара Сане да биде повеќе активен

Флик бара Сане да биде повеќе активен
Минхен, 29 ноември 2020 (МИА) - Тренерот на Баерн, Ханс Флик проговори за неговите критики кон напаѓачот Лерој Сане. - Лерој е во одлична форма, но, за разлика од другите, тој честопати прави непотребни загуби, згора на тоа, тој не работи многу ефикасно во ситуации еден на еден, го цитира „Goal.com“ Флик. Постојат причини за ова, веќе разговаравме со играчот, тој ќе се обиде да даде повеќе. Сепак, неговиот изглед на теренот секогаш ја зголемува динамиката на движењето на тимот, плус и самиот Сане често постигнуваше гол на последните натпревари, како резервен играч, додаде предводникот на баварскиот тим. Во сезоната 2020/21, Сане учествуваше на девет натпревари на Баерн, постигна пет гола и три асистенции. зс/

Остани поврзан