• сабота, 23 ноември 2024

ФИФА не најде докази за расистичките изјави на Глик против Вокер

ФИФА не најде докази за расистичките изјави на Глик против Вокер
Цирих, 13 октомври 2021 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација ја затвори истрагата против полскиот дефанзивец Камил Глик. Англија минатиот месец го обвини 33-годишниот фудбалер дека користел расистички фрази во судирот 1-1 со дефанзивецот Кајл Вокер за време на квалификацискиот натпревар за СП 2022 година. На крајот од првото полувреме изби конфликт помеѓу играчите на двата тима. За време на тоа, Глик го стисна Кајл Вокер, а во инцидентот учествуваше и Хари Мегваер. За време на полувремето, менаџерот на Англија, Емили Веб и шефот за безбедност Тони Конифорд реагираа кај резервниот судија дека Вокер бил навредуван од Глик на расна основа. ФИФА не најде докази за расистички изјави од страна на Глик и го затвори случајот. Играчот нема да подлежи на никакви санкции. зс/

Остани поврзан