ФИФА исфрли тим од Светското клупско првенство
- Претстојното Светско клупско првенство ќе има премиера следното лето во САД, а веќе добивме необична увертира. ФИФА одлучи да го исклучи мексиканскиот клуб Леон од претстојното Светско клупско првенство. Причината е што и Пачука и Клуб Леон имаат ист финансиер, што не е дозволено, па е донесена драстична одлука.

Цирих, 21 март 2025 (МИА) - Претстојното Светско клупско првенство ќе има премиера следното лето во САД, а веќе добивме необична увертира. ФИФА одлучи да го исклучи мексиканскиот клуб Леон од претстојното Светско клупско првенство. Причината е што и Пачука и Клуб Леон имаат ист финансиер, што не е дозволено, па е донесена драстична одлука.
Овој петок, ФИФА објави дека Клуб Леон повеќе не може да учествува на Светското клупско првенство во 2025 година. Мексиканците беа дел од групата Д, заедно со Челси, Фламенго и Есперанс од Тунис, па подоцна ќе биде објавено кој ќе го пополни тоа место.
По дисциплинската постапка покрената против Пачука и Леон, претседателот на Извршниот комитет одлучи да го предаде случајот до Комитетот за жалби на ФИФА во согласност со член 56, став 3 од Дисциплинскиот законик на ФИФА.
Во согласност со член 10, став 4 од правилникот на Светското клупско првенство, ФИФА одлучи да го исклучи Леон од натпреварувањето, а тимот што ќе го заземе нивното место ќе биде објавен наскоро, се додава во соопштението на ФИФА, Светското клупско првенство е закажано за периодот од 14 јуни до 13 јули. На натпреварувањата ќе учествуваат 32 екипи поделени во осум групи по четири. Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, а натпреварите од елиминациската фаза ќе се играат во еден натпревар.
ФИФА го промени форматот на Светското клупско првенство. Почнувајќи од оваа година во натпреварувањето ќе учествуваат 32 екипи од целиот свет, меѓу кои европските гиганти Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид, Челси, Интер, Дортмунд и Јувентус. дс
Фото: Архива