Финалето на Купот на Италија ќе се одржи со гледачи
- Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на Купот на Италија меѓу Аталанта и Јувентус.

Рим, 30 април 2021 (МИА) - Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Аталанта и Јувентус.
- Благодариме на владата што го одобри нашето барање да ги вратиме навивачите во финалето на Купот на Италија. Тоа е знак на враќање кон нормалноста што ни треба, го цитира Дал Пино Фудбал Италија.
Натпреварот Аталанта - Јувентус ќе се игра на 19 мај на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија. зс/