• вторник, 12 ноември 2024

Филмови на охридските автори Љушев и Паункоски избрани за најдобри на Државниот фестивал за непрофесионален филм

Филмови на охридските автори Љушев и Паункоски избрани за најдобри на Државниот фестивал за непрофесионален филм

Охрид, 4 ноември 2024 (МИА) – Документарните филмови „Страсна Недела – Бигорски манастир“ на авторот Томе Љушев – Шпанец и „Охридско Езеро“ на Љупчо Паункоски ќе ја претставуваат земјава на Меѓународниот филмски фестивал што идната година ќе се одржи во англискиот град Бирмингем.

Филмот „Страсна Недела – Бигорски манастир“ на охриѓанецот Љушев беше избран за најдобар и ја освои Гран-При наградата, како и златна плакета за режија на 53. Државен фестивал на непрофесионален, аматерски филм што викендов се одржа во Скопје, во организација на Кино сојузот на Македонија.

Со златно одличје на Фестивалот се закити и филмот „Охридско Езеро“ на Паункоски посветен на старото кино во Охрид.

Инаку, Љушев на Фестивалот во Скопје доби и златни плакети за камера и за филмот „Вевчански карневал“ и за монтажа за филмот „ Од роуд Лада нива 1,6 вс Џипијада“. Паункоски пак златно одличје доби и за репортажата посветена на селото Селци во Малесија. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан