Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години
- Македонија го доби најлошиот Извештај од Европската комисија во последните десет години, смета претседателот на СДСМ Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој рече дека тоа е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата.
Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Македонија го доби најлошиот Извештај од Европската комисија во последните десет години, смета претседателот на СДСМ Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој рече дека тоа е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата.
- Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ни испрати јасна порака каде се движи земјава изминатите година и пол под власт на ВМРО-ДПМНЕ. Овој Извештај е практично најлошиот извештај којшто сме го добиле изминатите десетина години и сериозно го вклучува алармот за иднината и перспективата на државата, рече Филипче.
Според него, извештајот го потврдува застојот и назадувањето на земјата во процесот на европските интеграции и нагласи дека се потребни итни чекори за враќање на државата на европскиот пат.
- Се случи тоа што предупредувавме, ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да не стави во групата со Косово, со Босна и Херцеговина, со Молдавија, со Украина, со земји коишто последни го почнаа патот на евроинтеграциите, рече тој.
Тој рече дека нема устави измени, но исто така нема напредок ниту во реформската агенда, додека во Буџетот не се предвидени доволни пари за спроведување на Планот за раст.
Извештајот на Европската Комисиј, рече Филипче, потврдил дека државата е во целосен застој - економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани.
-Во бројки ситуацијата изгледа вака само 4 области се оцените како добар напредок а и тие се минорни и не се однесуваат на вистински внатрешни реформи. Во осум области нема никакво поместување вклучувајќи и најкритичните правосудството и фундаменталните права. Она што е најлошо од овој извештај во поглавјето 24 правда слобода и безбедност владата добива единица што значи драстичен пат во споредба со лани, истакна Филипче.
Филипче зборуваше и за нивниот предлог за црвени линии кој како што кажа е доставен до политичките партии во Собранието и од кои очекува одговор. Тоа, како што кажа, може да биде основа за натамошни разговори на партиите за постигнување консензус.
На прашањето би прифатиле да гласаат за уставни измени со одложено дејство, рече дека се согласуваат, но што ќе значи тоа и дали ќе ги отвориме поглавјата.
- Прашањето е дали тие изјави се издржани и нешто значат за земјава. Тоа е главното прашање. Ако е тоа прифатливо за Европската унија, апсолутно ќе го поддржиме, рече Филипче.
Се согласува дека тоа би било позитивен сигнал од наша страна, но прашува дали во контекстот на ЕУ тоа би значело отворање на поглавјата.
- Ако не ги отовориме зошто да правиме какви било уставни измени. И тоа е работа за која повторно треба да се разговара, рече Филипче. ев/дма/
Фото: СДСМ