• среда, 25 февруари 2026

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Мицкоски на Фејсбук страницата.

Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес што бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината.

-Продолжуваме посветено да работиме на реални и одржливи решенија, додава премиерот во објавата на Фејсбук. нд/

Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Остани поврзан