• среда, 25 февруари 2026

Турскиот амбасадор во работна посета на Кавадарци

Турскиот амбасадор во работна посета на Кавадарци

Кавадарци, 4 февруари 2026 (МИА) - Турскиот амбасадор Фатих Улусој, заедно со неколкумина негови соработници, попладнево беше во работна посета на Кавадарци. Во изјава за медиумите, тој и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, ја нагласија одличната соработка.

- Многупати сме како општина помогнати од нив. Како општина, имаме прекрасни бизнис релации и можности, рече Јанчев.

Тој истакна дека соработката е на полето на економијата, туризмот и севкупниот развој.

Амбасадорот нагласи дека соработката меѓу двете земји е на многу високо ниво.

- Ги разгледавме потенцијалните можности за понатамошна соработка во различни области, како на пример, инфраструктура, рече амбасадорот. свд/нд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан