• среда, 25 декември 2024

Фетел: Возев 100 круга помалку од планираното

Фетел: Возев 100 круга помалку од планираното
Лондон, 15 март 2021 (МИА) - Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел не е загрижен поради фактот што техничките проблеми не му дозволија да вози значителен број кругови на тестовите викендот во Бахреин. Фетел е последен на листата од сите пилоти во Формула 1 со 117 круга, додека неговиот тимски колега Ленс Строл е седми со 197 тест круга. - Секако, би сакал да возам повеќе кругови, ова е најважното нешто. Неделата се покажа како многу напорна, се обидов да го искористам времето паметно - мислам дека успеав. Сè мина многу добро, научив многу. Сега треба да ги запомниме сите овие работи, да дадеме повратни информации и да продолжиме напред. Во принцип, возев, можеби, некаде за 100 круга помалку, приближно истото се однесува и за Ленс. Се разбира, двајцата не го добивме тоа што го сакавме, но тоа не е толку важно, истакна Фетел. Првата трка е прва трка, проследена со уште 22 гран при, така што има многу време пред нас, ќе имаме напорна сезона. Ајде да се обидеме да започнеме добро. Сигурен сум дека ќе ги решиме овие мали проблеми и за две недели ќе бидеме во подобра форма, изјави Фетел. Новата сезона во Светскиот шампион во Формула 1 ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин. зс/

Остани поврзан