• сабота, 23 ноември 2024

Фестивал на видео игри во Скопје

Фестивал на видео игри во Скопје

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Фестивал посветен на модерните и ретро видео игри ќе се одржи денеска во „Дајмонд Мол“ во Скопје. Фестивалот ќе се одржува до 19 јуни и како што најавија организаторите, ќе има натпреварувачки карактер, со подароци за натпреварувачите во различните категории.

Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од „гејминг“ забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.

-На фестивалот сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини, соопштија од „Дајмонд Мол“, организатори на настанот.

За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, од „Дајмонд Мол“ соопштија дека ќе обезбедат подароци, кои ќе ги додели македонскиот актер, љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на последниот ден од фестивалот.бт/лв/

Фото: плакат

 

Остани поврзан