• недела, 01 септември 2024

Фердинанд: Претстои период на доминација за Ливерпул

Фердинанд: Претстои период на доминација за Ливерпул
Ливерпул, 5 февруари 2020 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд призна дека не може, а да не се восхитувам на успесите на Ливерпул, и верува дека тие ќе продолжат на долг рок. Тимот на Јирген Клоп има предност од 22 бода на врвот на пласманот и се стреми кон својата прва титула по 30 години. Фердинанд, кој има шест титули со „црвените ѓаволи“, изјави дека шампион не се станува со среќа. - Мора да го почитувате она што го прават. Мислам дека Ливерпул завршиневеројатна работа. Поените што ги освоија во последните две години се феноменално достигнување. Шампионот не се станува на среќа. Јас го знам тоа од искуство. Не треба да имаш среќа, туку да бидеш доволно добар. Ливерпул е повеќе од тоа, изјави Рио. Според него, ова е само почеток за тимот од Мерсисајд и тие ќе доминираат во наредните години. - Лошиот дел за сите останати е што тие ќе бидат на оваа позиција долго време. Тие изгледаат како тим што е изграден за долг рок. Другите клубови, сопственици, можат да учат од Ливерпул. Тие инвестирале во менаџер, инвестирале во неговите идеи. Тој доби можност да ги примени со текот на времето. Тој немаше успех веднаш, но сега резултатите се видливи. Тој доби време и ресурси и сега ќе доаѓаат трофеите, рече Фердинанд.

Остани поврзан