• вторник, 24 декември 2024

Ферари не очекува проблеми со брзината на италијанското ГП

Ферари не очекува проблеми со брзината на италијанското ГП
Маранело, 31 авгсут 2022 (МИА) – Извршниот директор на Ферари, Матија Биното ги сподели своите очекувања за трка од Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Италија. - За трката во Монца, ќе користиме полесна верзија на крилото и очекуваме нашите болиди да бидат побрзи од минатиот викенд во Спа. Со оглед на високите нивоа на абење на гумите и високите температури, многу сме загрижени поради фактот што Ред Бул успеа да работи со ниски нивоа на потисна сила, но во исто време нивниот болид сè уште беше многу брз во вториот сектор, каде што ви треба голема потисна сила. Во Монца ќе користиме различно крило, ќе имаме мала отпорност, па брзината на правците, како таква, нема да биде проблем, изјави Биното за „autosport.com“. На последното Гран при во Белгија победи пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз иако стартуваше од 14-та позиција. Второто место го зазеде неговиот тимски колега Серхио Перез. Карлос Сајнц од Ферари беше трет. Големата награда на Италија ќе се одржи од 9 до 11 септември во Монца. Викендов во Зандворт (2-4 септември) ќе се вози трката за Големата награда на Холандија. зс/

Остани поврзан