• петок, 03 јануари 2025

ФБИ пронајде експлозивна направа на местото на инцидентот во Њу Орлеанс

ФБИ пронајде експлозивна направа на местото на инцидентот во Њу Орлеанс

Њу Орлеанс, 1 јануари 2025 (МИА) - Полицијата попладнево соопшти дека инцидентот кој се случи утринава за време на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, кога возач на пикап удри во толпа луѓе и усмрти десет, а повреди 35 лица, бил „намерен“ и дека напаѓачот пукал во луѓето.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел инцидентот го нарече „терористички напад“, но ФБИ кој ја презеде истрагата соопшти дека не се работи за терористички напад и додаде дека на местото на настанот е пронајдена импровизирана експлозивна направа. 

Американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот, соопшти Белата куќа. Во соопштението се додава дека претседателот е во контакт со градоначалникот на Њу Орлеанс ЛаТоја Кантрел за да понуди поддршка.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови. Улицата е затворена, а сите служби се на терен. Не е познато дали напаѓачот е уапсен. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан