• вторник, 24 декември 2024

Фалсификат парфеми во вредност од околу 4 милиони евра запленети во романското пристаниште Констанца

Фалсификат парфеми во вредност од околу 4 милиони евра запленети во романското пристаниште Констанца

Букурешт, 25 мај 2024 (МИА) - Фалсификат парфеми во вредност од околу четири милиони евра се запленети во романското црноморско пристаниште Констанца при контрола на граничните полициски и царински инспектори. 

„На 23 мај, заеднички тим од гранични службеници на крајбрежната стража и царински инспектори од Царинското гранично биро во Констанца извршија физичка проверка на контејнер натоварен со стока што пристигнува од Обединетите Арапски Емирати, наменета за трговска компанија во Романија. По детални проверки, утврдено е дека во контејнерот имало 18.000 парфеми кои можат да ги нарушат правата на интелектуална сопственост на познати брендови“, се вели во соопштението на Генералниот инспекторат на Граничната полиција.

Стоката, која би чинела околу четири милиони евра доколку се продава како брендирани производи, е запленета за вештачење и понатамошна истрага. паг/

Фото: Официјална страница на Администрацијата на пристаништето

Остани поврзан