• вторник, 24 декември 2024

Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште

Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште

Киев, 22 септември 2023 (МИА) - Вториот товарен брод „Аројат“ го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата.

Товарните бродови Ресилиент Африка (Resilient Africa и Aroyat) пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија.

Бродот Ресилиент Африка ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица.

Испораките се тест за способноста на Украина повторно да ги отвори поморските патишта откако договорот постигнат со посредство на ОН за да и се дозволи да извезува жито пропадна кога Русија се повлече.

Украина минатиот месец најави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заглавени во нејзините пристаништа откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година и да го заобиколи неуспешниот договор.

Москва започна чести напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина.

Трите поморски пристаништа во Одеса, вклучувајќи го и Чорноморск, испорачаа десетици милиони тони жито за време на руската инвазија според договор со посредство на ОН.

Пет од неколкуте бродови заглавени во Одеса досега го напуштија пристаништето користејќи привремен коридор што се протега на западниот брег на Црното Море во близина на Романија и Бугарија.

Договорот за жито во Црното Море беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули 2022 година за борба против глобалната криза со храна, отежната со руската инвазија на Украина.

Украина и Русија се меѓу најголемите светски извозници на жито. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан