Теодоро: Распоредувањето на американскиот ракетен систем е легитимно и оправдано
- Филипинскиот секретар за одбрана Жилберто Теодоро денеска изјави дека распоредувањето на американскиот ракетен систем со среден дострел е легитимно и оправдано и го најави планот на Манила да набави сопствен систем.
Манила, 24 декември 2024 (МИА) - Филипинскиот секретар за одбрана Жилберто Теодоро денеска изјави дека распоредувањето на американскиот ракетен систем со среден дострел е легитимно и оправдано и го најави планот на Манила да набави сопствен систем.
„Секое распоредување и набавка на средства кои се однесуваат на безбедноста и одбраната на Филипините се во рамките на нејзиниот суверен прерогатив и не се предмет на никакво странско вето. Распоредувањето на ракетните системи „Тајфун“ за заеднички вежби беше легитимно и легално“, рече Теодоро.
Началникот на филипинската армија Рој Галидо рече дека земјата има план да набави ракетен систем со среден дострел и додаде дека преговорите се во тек. рп/
Фото: ЕПА