Уште двајца вработени во Белата куќа позитивни на Ковид-19
- Еден ден по враќањето од болница на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, медиумите објавија дека уште двајца вработени во Претседателството на САД се позитивни на коронавиру

Вашингтон, 6 октомври 2020 (МИА) - Еден ден по враќањето од болница на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, медиумите објавија дека уште двајца вработени во Претседателството на САД се позитивни на коронавирусот.
Едниот е активен член на американските вооружени сили, кој го придружуваше Трамп на неговите патувања минатата недела, пишува Блумберг, повикувајќи се на неименуван извор.
Американските медиуми објавија дека вториот заразен со Ковид-19 е воен советник на Трамп. паг/