• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ученици од Шведска ја посетија фабриката Дрекслмаер во Кавадарци

Ученици од Шведска ја посетија фабриката Дрекслмаер во Кавадарци

Кавадарци, 26 март 2025 (МИА) - Ученици од Шведска ја посетија германската  фабрика Дрекслмаер во Кавадарци. Како што информираа попладнево од фабриката, станува збор за ученици од техничкото училиште од градчето Финспанк. 

-Ученици од трета и четврта година заедно со дел од нивните професори ја посетија специјализираната училница кадешто се спроведува практичната наставата во рамки на дуалното образование според германски стандарди. Нашите практиканти заедно со специјализираните тренери, за своите гости подготвија интересни вежби како и надгледни средства. За време на нивната посета, гостите се вклучија во проникливи дискусии и практични активности, добивајќи увид во практичната работа на нашите практиканти. Учениците изразија ентузијазам и љубопитност, што поттикна продуктивна и богата размена на знаења, соопштија од Дрекслмаер. 

Притоа изразија задоволство што имале можност да ги дочекаат шведските ученици и да им претстават каде и како практикантите ги стекнуваат и ги прошируваат своите знаења и вештини од областа на мехатрониката во рамки на програмата за дуално образование, според германски стандарди. 

- Како семејна компанија, во континуитет овозможуваме поддршка за образованието на младите луѓе чии вештини и експертиза се основа за иднината, подвлекоа од Дрекслмаер. свд/дма/


Фото: Дрекслмаер 

Остани поврзан