Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло
- Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Наредните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло. дма/лв/
Фото: МИА архива