Утре без вода дел од улицата „Орце Николов“, на потегот од „Ленинова“ до „Наум Наумовски Борче“
- Од ЈП Водовод и канализација - Скопје соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект ф-80 мм на улица „Орце Николов“ 98, утре без вода ќе бидат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“, на потегот од ул.„Ленинова“ до ул.„Наум Наумовски Борче“.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото:МИА архива