• понеделник, 23 декември 2024

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Уставниот суд на денешната седница одлучи да не се поведува постапка, односно да не се оценува уставноста на членот 1 и член 2 став 1 зборовите „како и за изградба на градби од стратешки интерес“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација.

-  Не се поведува постапка за член 10 став 4 во делот „со исклучок на тоа дека на Стратешкиот партнер ќе му биде дозволено да започне со истражување и експлоатација на минерални суровини за целите на Проектот штом барањето за доделување на концесија за истражување и експлоатација е поднесено од страна на Инвеститорот” од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, информираат од Уставниот суд.

Предметот У.бр.138/2023 за Законот за урбанистичко планирање е повлечен од денешната седница поради, како што велат од Судот, доработка на рефератот и испитување на дополнителни околности. Предметот ќе биде ставен на дневен ред на некоја од наредните седници. дма/ 

Повеќе информации: https://ustavensud.mk/archives/31080

Фото: Уставен суд на Република Северна Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан