• сабота, 23 ноември 2024

Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев на разговори со Зеленски на Денот на Европа

Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев на разговори со Зеленски на Денот на Европа

Киев, 9 мај 2023 (МИА) - Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

Таа истакна дека Европската Унија се фокусира на зголемување на притисокот врз Русија, обезбедување на целосно спроведување на санкциите и затворање на постоечките „дупки“ за да ги избегнат санкциите. „Ние сме решени да ги затвориме постоечките дупки. Никој не треба да се сомнева во тоа“, им рече таа на новинарите од Европската редакција (European Newsroom), чија членка е и МИА.

Посетата на Фон дер Лајен доаѓа на симболичен ден кога ЕУ го слави трајниот мир воспоставен од крајот на Втората светска војна пред 1945 година, додека Русија ја одбележува победата над нацистичка Германија со годишна воена парада.

Вчера Зеленски објави дека Украина ќе почне да го слави 9 мај како Ден на Европа.

Фон дер Лајен го истакна значењето на овој датум. Таа ја дефинираше својата посета на овој ден како симболична, но и како „знак за клучната и доста прагматична реалност: ЕУ работи рака под рака со Украина за многу прашања“.

Претседателката на ЕК на ниту еден начин не навести кога Украина би можела да стане дел од 27-члената унија, но нагласи дека Украина е дел од европското семејство.

Една од целите на разговорите со Зеленски е „да се подготви теренот за почеток на пристапните преговори“, рече таа. ссм/

фото: Твитер принтскрин

Остани поврзан