Унгарската поддршка во фокусот на разговорите на Трајков и Барна Пал
- Средбата, како што соопшти Министерството за европски прашања , била одржана во духот на зајакнување на билатералните односи и соработката меѓу Северна Македонија и Унгарија, особено во контекст на европските интеграции.
Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со Европската Унија, Викторија Трајков за време на работната посета во Будимпешта се сретна со унгарскиот заменик-министер за европски прашања, Жигмонд Барна Пал.
Средбата, како што соопшти Министерството за европски прашања , била одржана во духот на зајакнување на билатералните односи и соработката меѓу Северна Македонија и Унгарија, особено во контекст на европските интеграции.
Посебен акцент бил ставен на унгарската поддршка на земјата на нејзиниот евроинтегративен пат, која досега беше од суштинско значење.
Двете страни размениле мислења за најдобрите практики и искуства од унгарскиот процес на пристапување кон ЕУ, при што заменик министерката Трајков ја истакнала важноста на унгарската експертиза како модел за имплементирање на европските реформи во нашата земја.
Барна Пал ја потврдил посветеноста на Унгарија за продолжување на поддршката и предложи конкретни иницијативи за идни програми на соработка, особено во областите на владеење на правото, економскиот развој и јакнење на административните капацитети.
-Средбата е резултат на силната поврзаност меѓу двете земји и ја истакнува улогата на нашата земја како активен партнер во регионалната стабилност и европската интеграција, соопшти Министерството за европски прашања.
Трајков изразила благодарност за пријателскиот и конструктивен пристап на Унгарија, оценувајќи ја оваа средба како важен чекор кон зајакнување на односите и креирање нови можности за заедничка работа во рамките на европските процеси. дма/са/
Фото: Министерството за европски прашања