• понеделник, 23 декември 2024

Унгарија и Италија пријавија појава на птичји грип

Унгарија и Италија пријавија појава на птичји грип

Париз, 2 октомври 2024 (МИА) - Унгарија и Италија пријавија појава на вирусот на птичји грип Х5Н1, објави Светската организација за здравје на животните.

Во Унгарија, птичјиот грип се појави на фарма на истокот од земјата, додека италијанската епидемија се случи на фарма на североисток, соопшти Светската организација, цитирајќи информации од националните власти.

Птичјиот грип е заразна болест на птиците предизвикана од одредени видови на вирусот на грип А. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан