Унгарија го отвора воздушниот сообраќај со Велика Британија
- Унгарската Влада одлучи од денеска да ја укине забраната за комерцијални летови од Велика Британија, соопшти кризниот штаб во Будимпешта.
Будимпешта, 6 јануари 2021 (МИА) - Унгарската Влада одлучи од денеска да ја укине забраната за комерцијални летови од Велика Британија, соопшти кризниот штаб во Будимпешта.
Владата ја воведе забраната на 22 декември со намера да спречи ширење на новиот вид коронавирус што првпат се појави во Велика Британија, а суспензијата на воздушниот сообраќај требаше да трае до 8 февруари. паг/