Умерен земјотрес регистриран во Индонезија
- Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Индонезија, соопшти Американскиот институт за геофизика

Џакарта, 2 август 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Индонезија, соопшти Американскиот институт за геофизика.
Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 12 километри и околу 180 километри од градот Туала, во провинцијата Папуазија.
Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штетта.
По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.
Индонезија се наоѓа во така наречениот Огнен појас во Тихи Океан, каде се чести земјотресите и има голем број активни вулкани. ми/