• сабота, 23 ноември 2024

Украинците потопија руски воен брод

Украинците потопија руски воен брод

Киев, 1 февруари 2024 (МИА) - Припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската Припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) синоќа ја уништиле корветата „Ивановец“, соопштија украинските разузнавачи.

„Операцијата беше овозможена со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина и платформата United24“, изјавија тие.

United24 е платформа управувана од украинската влада, покрената на 5 мај 2022 година за да се соберат пари за украинската војска.

„Непријателскиот брод се наоѓаше на езерото Донузлав во привремено окупираниот Крим“, истакнаа украинските разузнавачи.

„Како резултат на серија директни удари на трупот, рускиот брод претрпе критична штета што предизвика бродот да се навали и да потоне“, додаваат тие.

Притоа споделија и двеминутно видео кое покажува како се одвивала операцијата. На снимката се гледа како бродот неуспешно се обидува да уништи поморски дрон кој му се приближува.

Тие истакнаа дека вредноста на изгубениот брод се проценува на приближно 60-70 милиони американски долари. Станува збор за брод со наведувани проектили. „Украинска правда“ пишува дека  операциите за пребарување и спасување на руските војници од езерото, според првите извештаи, биле неуспешни. паг/

Фото: Х

 

 

 

Остани поврзан