• вторник, 24 декември 2024

Украинската СБУ истражува за вмешаност на Порошенко во државна измама

Украинската СБУ истражува за вмешаност на Порошенко во државна измама

Киев, 12 ноември 2021 (МИА) - Службата за безбедност на Украина (СБУ) ги истражува информациите за можна вмешаност на поранешниот претседател Петро Порошенко и поранешната гувернерка на Народната банка на Украина (НБУ) Валерија Гонтарева во државна измама при купување јаглен во Донбас.

„Во моментот се проверува соодветната верзија“, изјави за украинската новинска агенција Иван Баканов, раководител на Службата за безбедност.

На почетокот на октомври, СБУ објави снимки од разговори со раководителот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа - за живот“ Виктор Медведчук, кои ја докажуваат неговата вина за измама. Во разговорите се вклучени името на Порошенко и името на неговиот татко, а следат проверки.

Партијата „Европска солидарност“ на Порошенко соопшти дека поранешниот шеф на државата ги негира обвинувањата.

Против Медведчук во Украина се покренати неколку кривични дела. Поточно, тој и Тарас Козак се обвинети за предавство и присвојување на националните ресурси на Крим. Судот во Киев му одреди 24-часовен домашен притвор на лидерот на опозицијата и му нареди да носи електронска нараквица.

Шефот на СБУ Иван Баканов рече дека во 2014 година политичарот склучил договор со највисокото раководство на Украина за организирање испораки на јаглен од територијата на Донбас, која не е контролирана од Киев.

Судот на обвинетиот му одреди куќен притвор до 7 декември. Обвинителството изрази незадоволство од ваквата одлука, побара негово апсење и поднесе жалба. Медведчук ги отфрли сомнежите против него, поврзувајќи ги со политички прогон. паг/

Остани поврзан