Украина со дронови нападна руска воздухопловна база во Вороњеж
- Во извештаите на украинската разузнавачка служба СБУ, не се споменува конкретна штета на воздухопловната база, која е на повеќе од 340 километри од територијата под контрола на Украина.
Вороњеж, 3 октомври 2024 (МИА) - Украински беспилотни летала денеска, во раните утрински часови, ја нападнаа воздухопловната база Борисоглебск, во руската област Воронеж, гаѓајќи арсенал со бомби, борбени авиони „Сухој“ и складишта за гориво, јави ДПА.
Во извештаите на украинската разузнавачка служба СБУ, не се споменува конкретна штета на воздухопловната база, која е на повеќе од 340 километри од територијата под контрола на Украина.
Претходно, гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, на Телеграм објави за напади од украински беспилотни летала, од кои околу 30 биле пресретнати.
Од пад на остатоци од дроновите оштетени се повеќе од десетина домови, а една жена е хоспитализирана со повреди, додаде гувернерот на Вороњеж. сд/
фтоо: МИА архива