Укината забраната за тешки товарни возила на патот село Лисец-Попова Шапка
- Авто мото сојузот на Македонија информира дека од 15:30 часот е укината забраната за автобуси и камиони на патниот правец Тетово - Попова Шапка, односно на потегот од село Лисец кон Попова Шапка.
Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Авто мото сојузот на Македонија информира дека од 15:30 часот е укината забраната за автобуси и камиони на патниот правец Тетово - Попова Шапка, односно на потегот од село Лисец кон Попова Шапка.
Претходно, од 14:30 часот беше укината забраната за тешки товарни возила и на патниот правец од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир.
Согласно информациите од АМСМ и ЈП „Македонија пат“ останува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Маврови Анови, додека забрана за сите видови возила има на патниот правец Берово - Беровско Езеро и на патот Берово-Струмица. бак/
Фото: МИА архива