УКИМ дел од проект на ЕУ за отпорност и заштита на критичните субјекти во Европа и поддршка на националната критична инфраструктура
- СООПШТЕНИЕ - Националната критичната инфраструктура која преку овој проект ќе биде поддржана е столбот на секоја држава затоа што таа се поврзува со националната безбедност, економијата, индустријата и здравјето на граѓаните.
28 ноември 2024
Деновиве во Вуковар, Република Хрватска се одржува првата конференција на проектниот тим на проектот „Отпорност и заштита на критичните субјекти во Европа“ – РЕЦЕПТ2024.Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје е дел од EU Interreg IPA Adrion (Јадранско-јонска програма за транснационална соработка) Проектот RECIPE2024, кој трае од 2024 година до 2027 година, се спроведува во координација со Министерството за внатрешни работи (Дирекција за цивилна заштита) и конзорциум кој вклучува шест земји и десет партнери.
Македонскиот истражувачки тим го предводи универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет-Скопје. Националната критичната инфраструктура која преку овој проект ќе биде поддржана е столбот на секоја држава затоа што таа се поврзува со националната безбедност, економијата, индустријата и здравјето на граѓаните. Покрај научно-истражувачките резултати ќе се продуцираат конкретни алатки за поддршка на критичната инфраструктура, со посебен фокус на македонското здравство како дел од критичната инфраструктура и нивното значење за безбедноста и здравјето на граѓаните.
Исто така, ќе се создаде заедничка методолошка рамка за проценка на ризикот на клучните капацитети, мрежи и системи, т.е. критична инфраструктура во земјите партнери од Јадранско-јонскиот регион (Хрватска, Словенија, Италија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија) и да развијат стратешки насоки за зајакнување на отпорноста - обврски дополнително нагласени со Директивата 2022/2557 за отпорност на критичните субјекти.
На состанокот се собраа сите проектни партнери со цел да се дефинираат активностите, одговорностите и клучните резултати од проектот, како и да се разговара за сите елементи од неговата имплементација, вклучувајќи ги финансиските и административните аспекти.
Преку имплементацијата на проектот, целта е размена на знаења, искуства и најдобри практики меѓу партнерските земји, подобрување на комуникацијата со засегнатите страни и зголемување на научните и истражувачките активности во управувањето со ризици на критичната инфраструктура. Дополнително, проектот ја нагласува важноста од воспоставување системски пристап кон заштитата на критичната инфраструктура, земајќи ги предвид меѓусекторските и прекуграничните аспекти со земјите-членки на Европската унија и со соседните држави.
Меѓу учесниците се национални институции одговорни за управување со системи за заштита на критичната инфраструктура и зајакнување на отпорноста, како и научни и истражувачки институции од Хрватска, Италија, Словенија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Проектот е финансиран од ЕУ Фондовите преку програмата Interreg IPA Adrion (Јадранско-јонска програма за транснационална соработка), насочена кон специфични цели за зајакнување на отпорот кон климатските промени, природни и вештачки катастрофи и зајакнување на иновативни решенија.
Проектот ќе развие насоки за процедурите што ќе го подобри работењето и регулирањето на критичните субјекти што ќе резултира со нивно подобро управување, намален ризик од инциденти, и намалени трошоци за снабдување и работење, што ќе има позитивни ефекти врз влијанието на климатските промени.Преку развој на нови решенија (развој на ИТ алатки) и процедури, целта е да се постигне повисоко ниво на отпорност на критичните субјекти како даватели на основни услуги со значајна улога во одржувањето на виталните општествени улоги.
Филозофски факултет на УКИМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.