• понеделник, 23 декември 2024

УЕФА веќе не се заканува со исклучување од еврокуповите

УЕФА веќе не се заканува со исклучување од еврокуповите
Нион, 21 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација денес одржа видео конференција со претставници на 55 национални сојузи. Беа дадени ажурирани информации за опциите што ги разгледуваа двете работни групи што беа создадени кон средината на март. Развиени се различни опции за календари, опфаќајќи ги натпреварите на репрезентациите и клупските натпревари. УЕФА уште еднаш силно препорача да се завршат домашните натпреварувања – првенството и купот. Во исто време, во официјалното соопштение од Нион се вели дека „некои посебни случаи ќе бидат разгледани откако ќе се развијат принципите на прием во европските натпреварувања - во случај на откажување на домашните турнири“. Ова веројатно се однесува на неколку лиги што УЕФА ќе ги прогласи за неважечки резултатите од нивните првенства. Можеби ова ќе се случи во Белгија и Холандија. Сите решенија за горенаведените теми ќе бидат објавени по состанокот на Извршниот комитет на УЕФА, што ќе се одржи следниот четврток. зс/

Остани поврзан