• петок, 08 ноември 2024

Уапсени 11 лица кои ги навредуваа Рашфорд, Санчо и Сака по финалето на Евро 2020

Уапсени 11 лица кои ги навредуваа Рашфорд, Санчо и Сака по финалето на Евро 2020
Лондон, 5 август 2021 (МИА) – Британската полиција уапси 11 лица кои ги навредуваа играчите на Англија, Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо по финалето на ЕП 2020 против Италија. Од илјадниците навредливи пораки објавени на социјалните мрежи, 123 се од профили на луѓе кои не се од Велика Британија. - Има луѓе кои мислат дека можат да се кријат зад профилот на социјалните медиуми и да објавуваат такви одвратни коментари неказнето. Треба повторно да размислат - имаме истражители кои активно бараат навредливи коментари во врска со овој натпревар, и ако се утврди дека се прекршување на законот, тогаш и други луѓе што ги објавиле ќе бидат уапсени. Нашата истрага напредува со добро темпо и ние сме благодарни на луѓето што не информираа за расистичките објави, изјави истражителот Марк Робертс. За потсетување, Сака, Рашфорд и Санчо не реализираа во пенал-серијата во финалето на Европското фудбалско првенство 2020. зс/

Остани поврзан