• вторник, 24 декември 2024

Уапсени четворица тинејџери по пожар во Велика Британија

Уапсени четворица тинејџери по пожар во Велика Британија
Лондон, 3 мај 2022 (МИА) - Британската полиција уапси четворица тинејџери, по пожар во поранешна училишна зграда во Хаслемер, јави Би-Би-Си. Пожарот избил вчера, околу 17.44 часот по локално време, а објектот бил празен. Уапсени се 14-годишно девојче, двајца нејзини врсници, како и момче на 15-годишна возраст. Младите се под сомнение за намерно предизвикување пожар. Со пожарот се справувале повеќе противпожарни возила. бд/зш/  

Остани поврзан