ТФТ „го чува“ лидерското место
- Екипата на ТФТ со победата постигната синоќа во првиот натпревар од 21.коло на МТЕЛ Супер лигата остана лидер на табелата, а совладан беше Гостивар со 87:82, пред сè на серијата од 12-0 во последните три минути
Скопје, 28.март 2026 (МИА) – Екипата на ТФТ со победата постигната синоќа во првиот натпревар од 21.коло на МТЕЛ Супер лигата остана лидер на табелата, а совладан беше Гостивар со 87:82, пред сè на серијата од 12-0 во последните три минути. Гостите од Гостивар беа рамноправен ривал во најголемиот дел од натпреварот, а во финишот имаше и двоцифрена предност (72:61) на седум минути пред крајот. Домашниот тим полека ја „топеше“ предноста на ривалот и на крајот забележа нова победа.
Георги Зафиров со 18 поени кај ТФТ беше најефикасен, додека на натпреварот најпрецизен беше Јован Црниќ со 25 поени.
Денеска се играат два натпревари од ова коло: Феникс – Маџари (почеток 12 часот); Ангели – Чаир (17 часот), двата во Скопје. Утре на програмата е и големото дерби на македонската кошарка меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (19 часот), а играат уште: МКК Куманово – Кожув (18 часот) и Пелистер – Тиквеш Голден Игл (18:30 часот).
ТФТ е лидер на табелата со 40 бодови, пред МЗТ Скопје А. со 37, следуваат Пелистер 34, Кожув 31, Маџари 30, МКК Куманово 29, Тиквеш ГИ 29, Чаир 29, Работнички 28, Феникс 28, Гостивар 26, Ангели 21. мн/
Фото: МКФ