Изградбата на нова патека за Формула 1 продолжува во Саудиска Арабија
- Саудиска Арабија објави напредок во изградбата на нова патека за Формула 1. Патеката е дизајнирана од поранешниот возач на Формула 1 Алекс Вурц, и е дел од спортско-забавен комплекс лоциран во близина на Ријад.
Ријад, 1 април 2026 (МИА) - Саудиска Арабија објави напредок во изградбата на нова патека за Формула 1. Патеката е дизајнирана од поранешниот возач на Формула 1 Алекс Вурц, и е дел од спортско-забавен комплекс лоциран во близина на Ријад.
Планот е патеката да биде завршена во 2027 година, а првата трка од Формула 1 е закажана да се одржи една година подоцна, во сезоната 2028.
Гран при на Саудиска Арабија моментално се одржува привремено на патеката во Џеда, иако е многу веројатно дека трката нема да се одржи оваа сезона.
Трката за Големата награда на Саудиска Арабија првично беше закажано да се одржи овој месец, но е одложена на неодредено време поради воениот конфликт на Блискиот Исток.
Гран при на Саудиска Арабија може да се одржи на есен ако се подобри ситуацијата во регионот. зс/
Фото: Формула Твитер